Само 32 милиони долари ќа заработи Флојд Мејведер од мечот со Андре Берто

Mejveder so kamionce igracka

Еден од најдобрите боксери на денешницата, Флојд Мејведер, ќе заработи само 32 милиони долари од дуелот со својот сонародник Андре Берто.

Мечот е закажан за вечерва, а од него, противникот ќе инкасира само четири милиони долари. За разлика од претходниот дуел со Мани Пакијао, сега цените на билетите се движат од 120 до 1.500 долари, а овој меч ќе се одржи во МГМ Гранд казиното во Лас Вегас.
B

Флојд Мејведер е светски шампион во средна категорија во две федерации и е најдоброплатен спортист во светот. Неодамна, тој објави дека мечот со Берто ќе биде негов последен во кариерата во која на 48 дуели оствари исто толку победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON