Салата на Кро Кап пак е во погон, се собра страшна екипа на чело со Ракиќ (ФОТО/ ВИДЕО)

Салата на Кро Кап повторно е во функција, а Александар Ракиќ не ја пропушти можноста да тренира со легендата.

Александар Ракиќ ги премести своите подготовки за борбата против Ентони Смит во Загреб. И додека поголемиот дел од времето го поминува во Аамериканскиот топ тим, каде работи со своите тренери и спарингува со Анте Делија и Иван Ерслан, Ракиќ ја искористи можноста да го посети Мирко Филиповиќ во неговата сала.

Од безбедносни причини, т.е. за да се избегне инфекција со коронавирус, салата на Филиповиќ не работеше неколку месеци, но во средата можеше да видиме фотографија на Кро Коп, Делија, Сатоши Ишии и Саша Милинковиќ, што значи дека тимот повторно се обединува. И сега таму, барем на еден тренинг, им се придружи на своите колеги Ракиќ.

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/photos/a.776980065680026/3526751440702861/?type=3

Ракиќ е само еден во низата регионални борци кои никогаш нема да го изостават името на Мирко Филиповиќ кога станува збор спортските идоли, па не ја пропушти можноста да тренира заедно со легендата, која ја документираше преку својот Инстаграм.

„Ми се оставри сонот. Имав можност да тренирам со еден од моите идоли и легенда, Мирко Филиповиќ“, напиша Ракиќ на објавата.

https://www.instagram.com/p/CDn9eZXgqjr/?utm_source=ig_embed

Тренерот на Ракиќ, Виорел, исто така објави уште неколку материјали.

https://www.instagram.com/p/CDn8ZBrAbf1/?utm_source=ig_embed

Следната борба на Ракиќ е закажана за 29 август. Ќе биде на УФЦ Фајт најт 175, најверојатно во поднасловна борба, а негов противник е поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Ентони Смит. Во случај на победа, Ракиќ има шанса да се најде во Топ 5 пласманот на УФЦ на ранг-листата на предизвикувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО