Ја нокаутира противничката, изгра секси танц, доби критики! (ВИДЕО)

Популарната ММА-натпреварувачка, Валери Луреда стана хит на социјалните мрежи со победата против Тара Граф по техничкиот нокаут на Белатор 243 во петокот.

Валери се погрижи сите да зборуваат со неа, така што ги почести гледачите на борбата со „жежок“ танц.

Луреда е позната по тоа што на својот Инстаграм профил честопати поставува провокативни фотографии од своите подготовки , а сега по победата не пропушти да се изрекламира на ТикТок и Инстаграм.

„3-0! Носете ги своите штикли, спарувајте наутро, објавете на ТикТок и не дозволувајте некој да ви кажува што треба да бидете“, коментираше Луреда.

Однесувањето на 22-годишната Луреда претходно го коментираше Мејси Кијасон од УФЦ, која посочи дека „продава секс“ за да добие поддршка од фановите и дека е лош пример за младите женски ММА фанови. Луреда реагираше бесно.

„Не правам ништо за социјалните мрежи, туку само за мене. Работев цел мој живот да го имам ова тело, бев балерина, бев борец. Само бидејќи изгледам поинаку од другите, не е толку важно, нели?“, вели Луреда.

https://www.instagram.com/p/CDnBPGtBp4y/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО