Сакате да ве тренира Бадр или Рико за да влезете во Глори? Погледнете како!

Најголемата кик-бокс организација во светот (Глори) планира да направи нешто како „The Ultimate Fighter“ во УФЦ.

Глори објавија дека го бараат најновиот талент во кик боксот. Организацијата започна настан наречен „Куќа на славата“ во кое тренери ќе бидат легендите Бадр Хари и Рико Верховен. Се бараат спортисти кои тежат 77 килограми да се приклучат на проектот.

Победникот на настанот ќе добие шанса за титулата на организацијата во полусредна категорија.

„Дали сте борец со големи амбиции? Дали сакате да се натпреварувате против светскиот шампион во кик бокс во полусредна категорија на голем настан во Глори? Тогаш ова е вашата шанса. Само еден борец победува во алтернативната борба и има шанса за светската титула. Дали се осмелувате? Дали сакате да учествувате?

Бараме мажи во полусредна категорија кои се подготвени за суперинтензивна конкуренција и во и надвор од рингот. Мора да имате 77 килограми и да бидете подготвени за борба! Сакате да учествувате во Куќата на славата чии домаќини се капитените на тимот Бадр Хари и Рико Верховен?

Тогаш регистрирајте се сега!“, пишуваат од Глори, кои објавија и видео од овој амбициозен проект.

Доколку сте амбициозен конкурент, тогаш не чекајте, регистрирајте се од линкот – ТУКА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GLORY Kickboxing (@glorykickboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО