Сајад Гариби: Ќе се докажам во рингот

Сајад Гариби можеби и нема да има борба во боречките спортови, но смета дека ќе биде кошмар за неговите противници. Надуваниот Иранец е попознат на интернет по прекарот „Иранскиот Хулк“ и е сериозен за деби во боречките вештини. Минатата година потпиша договор со БКФЦ и оваа година дебито ќе го направи во битки со голи раце. Организацијата вети дека ќе направи настан насловен како „Трета светска војна – САД против Иран“.

Гариби најверојатно ќе биде вклучен во главната средба на настанот и навивачите сигурно ќе сакаат да видат како ќе се претстави. Тој нема искуство во борби, но е уверен и сака да се докаже. На својот профил на социјалните мрежи, Гариби рече дека тоа ќе биде најголемиот предизвик за неговите противници и веројатно наскоро ќе го видиме на дело.

„Нема потреба да се докажувам. Можеби затоа толку многу не го гледате моето присуство на социјалните мрежи. Повеќе сакам да се докажам во рингот, кога противниците ќе го земат мојот удар како сувенир. Тоа ми е измешано во крвта со здрава работа.

Јас ќе бидам најголемиот предизвик за секој мој противник. Нема друг како Иранскиот Хулк. Наскоро ќе бидете известени за мојата соработка со глобалните организации. Хулк се врати“, напиша Гариби.

https://www.instagram.com/p/B8O4nqehbxm/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО