Матеј Белистојаноски е петти на Европското карате првенство за кадети

Одличен настап на Матеј Белистојаноски на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Будмипешта, Унгарија, кој на крајот е петти во борби во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција.

Вистинска штета за Матеј што не освои медал, иако два пати имаше шанса, во полуфиналето и во репасажот во борбата за борнза. Белистојаноски загуби идентично 0-1 и во полуфиналето и за бронзата. Медалот ќе беше круна на одличните настапи што ги имаше во 2019 година.

Од другите каратисти се издвоија Љупче Михајлов и Витомир Трајковски кои имаа по две победи, а Хамза Зилали благодарејќи на настапот во репасажот го освои деветото место.

Се надеваме дека утре и во недела нашите репрезентативци ќе не израдуваат со медали.

Резултати
-47 кг
Михаела Мишовска – Сенах Мамадеус (Нидерленд) 0-7

-54 кг
Арта Буши – Атена Кокиниду (Кипар) 4-1
Арта Буши – Ксенија Дрончанка (Белорусија) 0-1

+54 кг
Адеми Јусра – Дора Флајшер (Унгарија) 0-4

-52 кг
Матеј Белистојаноски – Нико Форштунгер (Лихтеншатјн) 1-0
Матеј Белистојаноски – Александер Опас (Полска) 2-1
Матеј Белистојаноски – Даниел Хавличек (Чешка) 1-0
Матеј Белистојаноски – Арон Себок (Унгарија) 3-0
Полуфинале
Матеј Белистојаноски – Мер Газарјан (Ерменија) 0-1
За бронза
Матеј Белистојаноски – Мерт Халиџи (Турција) 0-1

-57 кг
Љупче Михајлов – Коди Томас (Велс) 2-0
Љупче Михајлов – Тамаш Ксато (Унгарија) 1-0
Љупче Михајлов – Себастијан Тефелен (Нидерленд)

-63 кг
Марко Смилевски – Свен Раковник (Словенија) 1-1
Марко Смилевски – Бенце Шилаџи (Унгарија) 0-2

-70 кг
Витомир Трајковски – Вахид Хасанов (Азербејџан) 2-1
Витомир Трајковски – Антони Степниевски (Полска) 2-0
Витомир Трајковски – Артјом Јермолаев (Латвија) 0-2

+70 кг
Хамза Зилали – Мартин Елијас (Чешка) 1-2
Репасаж
Хамза Зилали – Лука Квесиќ (Хрватска) 0-2

Кати
Мартина Арсовска – кадети – 17 место
Давид Спасовски – кадети – 27 место
Јована Манчевска – јуниори – 23 место
Александар Неделковски – јуниори – 15 место
Теодора Цветковска – У-21 – 27 место
Георги Бановски – У-21 – 29 место

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО