Џо Роган: Тони е кошмар за сите и најтешката битка за Хабиб

Познатиот ММА коментатор, Џо Роган, го коментираше претстојниот меч меѓу шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и предизвикувачот Тони Фергусон кои се во серија од по 12 последователни победи.

„Тони е вистински борец. Тој никогаш не се замара и после секоја борба изгледа свеж. Тој ќе биде најтешкиот противник во досегашната кариера на Хабиб и, според моето мислење, Тони во моментов е вистински кошмар за секој борец. Во лесна категорија нема пострашен борец од него, тој има цигли место тупаници, а ако те фати со своите долги раце, скоро е невозможно да излезеш од неговата прегратка. Тој е ненормален, ама во позитивна смисла. Претстојниот меч ќе биде епски и нема никаква гаранција за Хабиб, може да победи секој.

Не би направил никакви планови ако бев на местото на Дана Вајт. Не би направил никакви планови, бидејќи Хабиб може да победи во оваа борба, но не е загарантирано. И Фергусон може да ја добие оваа борба#.

Мечот ќе се одржи во Брулин, Њуjорк, на 18 април на УФЦ 249.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО