`Саенчаи му пресуди на Бразилец со „Бразилски удар“ (ВИДЕО)

Минатиот викенд Саенчаи настапи на уште една Тај фајт приредба.

37-годишната легенда во Бангкок го победи Бразилецот Анрик Мулер. Интересно е што Саенчаи противникот од Бразил го заврши со таканаречен „бразилски удар“, висок удар (хај  кик) што ќе го измами противникот, бидејќи изгледа како дека ќе го удари пониско, а завршува во главата.

Овој удар особено го прослави Бразилците Франциско Фиљо и Глаубо Феитос во нивните К-1 денови.

На настанот во Бангкок се одржа и завршницата на два турнири.

Во финалето на турнирот до 72,5 килограми, Чанаџон во втората рунда со о дличен хај кик го нокаутира Сијоко Пунпанмуанг, а во финалето на турнирот до 70 кг Саенсатарн со одлука на судиите беше подобар од Наимјон Тутабоев.

https://youtu.be/clae6AlN39s

https://youtu.be/MckNZEkiULY

https://youtu.be/ggz7hjKOYLM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО