Руските џудисти може да настапат на Олимписките игри во РИО

Ruski dzudist

Претседателот на Меѓународната џудо федерација (IJF) Мариус Визер рече дека целиот рускиот тим, односно 11 џудисти, ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) минатата недела одлучи да не ги суспендира руските спортисти на Олимписките игри во Рио, поради наводите за допинг, но на поединечните спортски федерации остави можност да се одлучат за можните суспензии.

На прашањето дали седум џудисти и четири џудистки од Русија ќе  учествуваат на Игрите, Визер рече: „Тие ќе одат во Рио“.

„Сите тие во повеќе наврати се тестирани од септември минатата година до мај на бројни натпревари, но не во Русија, туку во странство“, додаде претседателот на IJF/ИЏФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО