Руски шампион изнесен од душекот без два заба, но со златен медал од Минск

Русинот Александар Чахиркин го заврши финалето со два скршени заба и злато против Ерменецот Чајлијан во категоријата до 77 килограми во грчко-римски стил на Европските игри во Минск (7- 6).

За време на средбата шампионот водеше со 5-0, но направи фрлање и ја погоди неговата вилица и му ги скрши двата странични заба. Неговиот противник го намали резултатот на 5-4 за неколку секунди. „Тогаш сфатив дека морам да станам подобар или губам“ – признава борачот број 1 во Светот и во Европа. „Кога сакате да победите во вашата глава е само мислата за победа, дури и ако плукате заби“, порача Чахирикин

Така, со нови напади, Александар ја доби битката, но со последниот свиреж на судијата тој буквално беше изнесен од душекот.

„А шефот на нашата федерација Михаил Мамиашвили се пошегува со мене со зборовите: Може да ти ставиме златни заби, тие се подобри од сребрените“, продолжи Чахиркин

Всушност, маките на Игрите на  светскиот и европскиот шампион не завршуваат тука. По финалната средба Чахиркин отиде на официјалната вечера, но со огромни напори ја отвораше устата, за да касне нешто. И по пресметките во првиот ден, следеше допинг контролата. За да даде примерок тој мораше да испие четири шишиња вода. А утрото, пред финалето, мораше да симнува – 2,5 килограми!

„Досега не ми се случило да ги оставам забите на натпреварот“ – продолжи со шеговит тон шампионот и додаде: „Да, ми се случувало да се откинат одовде-одонде, но да испаднат – прв пат. Сега ќе треба да си најдам стоматолог, но дали ќе најдам таков кој ќе ми даде попуст (се смее)“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО