Руски ММА борец избоден до смрт – брат му го застрелал убиецот

Рускиот борец Алан Хаџиев е избоден до смрт во бар во ресторан во Моздок, Северна Осетија, а неговиот брат го уби осомничениот напаѓач.

Инцидентот се случил во вторникот вечерта во ресторанот Вегас, каде 31-годишниот борец вечерал со својот брат.

Од засега непознати причини, започнала вербална расправија меѓу неколку посетители, која прераснала во тепачка. Хаџиев се обидел да ги раздели завојуваните луѓе.

Во трагичен развој на мешаницата, борецот добил убодна рана во срцето откако еден од мажите го нападнал.

Хаџиев бил пренесен во болница, каде лекарите се обиделе да го спасат, но тој починал од раните.

Според непотврдени информации, по инцидентот, братот на борецот го нападнал осомничениот убиец, кој исто така починал од раните.

Истрагата е во тек и воената полиција е вклучена, бидејќи братот на Хаџиев е војник.

Градоначалникот на Моздок, Олег Хабалов, ја потврди смртта на спортистот, изразувајќи разочарување од загубата.

„Тој беше голем човек. Зборував со него вчера … како може да се случи такво нешто? Мое сочувство до неговите пријатели и роднини. Можеше да направи многу други добри работи во неговиот живот”.

Хаџиев е двократен светски шампион во фул контакт борба, а беше учесник на боксерски натпревари со голи раце.

Неговата последна битка можете да ја видите на видеото по 21-та минута:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО