Вејли Жанг до Мајк Тајсон: Ништо не разбираш од ММА

Шампионката во сламка категорија на УФЦ, Вејли Жанг го манифестираше расположението пред претстојната борба со Роуз Намахунас на УФЦ 261 на 24 април.

Пред неколку дена, претседателот на УФЦ, Дана Вајт беше гостин на подкастот на Мајк Тајсон, при што боксерот ја предупреди Жанг дека мора да биде многу внимателна против Роуз, „затоа што таа ќе ја уништи“.

Сепак, на Жанг не и се допаднаа зборовите на Тајсон.

„Тајсон нема право да коментира, бидејќи ништо не разбира од ММА. Тој не знае ништо за мене.

Нема да се навредам, но ќе дадам се од себе и ќе му понудам на Тајсон да проба како е во ММА “.

Жанг рече дека целосно се подготвува за специфичните вештини на Намахунас.

„Таа има одлични движења на нозете и боксерски вештини. Се подготвив специјално за нејзините вештини. Внимателно ќе го разгледам мојот арсенал и ќе го изберам најсоодветното оружје против неа. Знам дека сè може да се случи”.

Жанг (30) верува дека Кина е одличен пазар за УФЦ и проширување на организацијата и се надева дека повеќе Кинези ќе гледаат и ќе започнат да вежбаат ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО