Руски ММА борец украл 9 кутии кафе од супермаркет (ВИДЕО)

ММА борецот Малик Канаев се обидел да украде девет кутии кафе од супермаркетот Перекресток.

Откако бил запрен од обезбедувањето, влегол во конфликт со него, при што насилно се оделсувал. Неговите постапки може да се оквалификуваат не како кражба, туку како грабеж, што предвидува построга казна. Засега не се соопштуваат повеќе детали.

Потсетуваме, во јуни 28-годишниот руски ММА борец Шарабутдин „Шара Булет“ Магомедов нокаутира посетител на трговски центар во Дагестан. На спортистот не му се допаднало што посетителот јавно ја бакнал својата девојка.

На крајот на мај се дозна дека братучедот на Хабиб Нурмагомедов извадил пиштол на студент, затоа што носел шорцеви во Дагестан.

https://www.youtube.com/shorts/a-utf4lZnug

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО