Кирил Сиделников го нокаутира Фабио Малдонадо за 46 секунди (ВИДЕО)

Кирил Сиделников им се врати на победите во кафезот. 33-годишниот борец, кој е попознат како „Бебето Федор“ се соочи со искусен ветеран, Фабио Малдонадо. Тие ја предводеа главната борба на настанот Урал ФЦ 1 што се одржа во Русија. Борбата беше во тешка категорија.

Сиделников со комбинација го повреди Малдонадо, па го собори на партер. Кирил почна да задава граунд и паунд на противникот. Фабио му сврте грб на Сиделников и покажа дека не сака да се бори.

Кирил продолжи со нападот, кој го приведе натпреварот кон крајот. На овој начин Сиделников за помалку од една минута се справи со Малдонадо. Со оваа победа тој им се врати на победите и сега има 14 победи и 7 порази во ММА.

Малдонадо, пак, доаѓа од серијата порази и сега има 28 победи и 18 порази во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО