Русите со еден борач во двата стила на СП во Лас Вегас!

Biljal mahov

Русите планираат еден борач да се бори и во двата стила на Светското првенство во Лас Вегас, кое што е од квалификациски карактер за Олимпијадата 2016. 

Билјал Махов, трикратен светски шампион во слободен стил, кој изразил подготвеност да стартува и во грчко-римски стил во тешка категорија.

Овој експеримент не е уникатен, бидејќи во минатото имаше натпреварувачи кои се бореа и во двата стила. Но првенствата беа со разлика 10-15 дена, па имаа можност да се  консолидираат. Сега шампионати се во исто време, а има и разлика во категориите. Во слободен стил се борат до 125 килограми, а грчко-римски – до 130 кг.

Махов веќе се испроба кај класичарите и тоа успешно. На Европското првенство минатата година освои бронзен медал, а оваа сезона е шампион на Русија.СП во Лас Вегас е од 7 до 14 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО