Русинот Денис Лебедев ја одбрани светската титула!

Denis Lebedev

Рускиот боксер Денис Лебедев ја одбрани титулата светски шампион лесно-тешка категорија на Светската боксерска асоцијација (ВБА), победувајќи на поени Јури Каленга (Франција) во салата на „Лужники“ во Москва. За 35-годишниот Лебедев гласаа и тројцата странични судии: 116:111, 115:112, 115:111 поени.

На крајот на четвртата рунда Денис Лебедев со краток удар и го прати на подот во нокдаун противникот. Во петата и шестата рунда мечот беше рамноправен, а во 7-та рунда Лебедев го прати Французинот во нокдаун. Ова е втора одбрана на шампионскиот појас на Денис Лебедев, кој во рингот има 27 победи, од кои 20 со нокаут и 2 порази. Јури Каленга (27 год), кој по потекло е од Конго, на професионалниот ринг има 21 победа, од кои 14 пред крајот на натпреварот и 2 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО