Феликс Штурм понудил 20.000 евра за убиство на менаџерот! (ВИДЕО)

358

Feliks Sturm

Властите во Келн го испрашуваа поранешниот професионален светски шампион во бокс, Феликс Штурм (Германија) под обвинение за нарачка на атентат против неговиот поранешен менаџер Ахмет Онер. Во скандалот е вклучено и името на сегашниот менаџер на ѕвездата, Роланд Бебак . Според информациите во германскиот печат, Штурм понудил 20.000 евра за да биде елиминиран познатиот агент.

„Оваа приказна е направена за да ме повредат. Роланд и јас бевме уценувани. Ништо повеќе. Сите знаат за криминалното досие на г- дин Онер. Оваа приказна е смешна,- изјави за „Келн експрес“ Штурм.

Според Бебак, во шемата учествувал уште еден човек, кој бил пријател на поранешниот кандидат за светската титула во тешка категорија, Мануел Чар. Тој се обидел да го натера Бебак да каже негативни работи за Онер, а целиот разговор бил снимен со скриен уред.

Полицијата потврди дека во моментов истрагата е во тек.