Румејса Фејзула освои бронза на џудо турнирот „Адем Јашари“ во Приштина

Румејса Фејзула освои бронзен медал на Меѓународниот турнир „Адем Јашари 2017“ во Приштина во организација на Џудо клубот „Полици“. 

Румејса Фејзула која е родена 2004 година се натпреваруваше во кадетска конкуренција во категоријата до 63 килограми, додека Ветон Ајдини, роден 2002 година, настапи во конкуренција на кадети до 73 килограми и ја загуби во борбата за бронзата, со што беше петопласиран.

„Задоволни сме од прикажаните борби и од нашите спортисти, сега ќе продолжиме напорно да тренираме се со цел новата сезона да ја пречекаме во топ форма“, велат од ЏК Иппон од Скопје.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО