Димитриевиќ и Јанеска освојуваа медали и за Хва ранг ИТФ и за други екипи на „Бугарија опен 2017“ (ФОТО)

Натпреварувачите на Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид освоија пет медали на најтешкиот Меѓународен ИТФ турнир од А-класа „Бугарија опен 2017“ во Благоевград. Со медали се зактија Божидар Димтријевиќ, Елена Јанеска и Христијан Митрески.

На овај најпрестижен турнир учествува  околу 500 натпреварувачи од 56 клубови  од 17 земји од Европа.

„Нашиот клуб настапи со 9 натпреварувачи во спаринг-борби поединечно, но поради немање на доволен број натпреварувачи и поради  повреда на некој од натпреварувачите не можевме да составиме тим за екипно, затоа ги позајмивме Божидар Димитриевиќ и Елена Јанеска во други екипи“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

Елена Јанеска настапила за екипа од Словенија, составена од три Словенки, една од натпреварувачка од Чешка и нашата Елена која според тренерот Лазаревски е една од најзаслужните што нивната екипа се искачила највисоко на пиедесталот, односно освоиле златен медал екипно.

Божидар Димитриевиќ настапи за екипата на Асеновец, која важеше за аутсајдер.

„Влегоа колку да си ја испробаат среќата во екипно и го прифатија нашиот Божидар со резерва, но Божидар кој претходно го освои златото во негова категорија, на маестрален начин ги совлада сите негови противници без ниту еден пораз и со атрактивни техники го однесе тимот на Асеновец до финале. Во финалната борба против тимот на домаќините, противникот штом го виде Божидар веднаш ја предаде борбата. Другите натпреварувачи од тимот на Божидар дадоа се од себе, но победија за жал судиите и првото место му го дадоа на домашната екипа. Но, за екипата  од Асеновец и за публиката Божидар Димитриевиќ беше нивниот херој, што сите  громогласно навиваа за него“, вели тренерот Лазаревски.

Според Лазаревски, освените медали на Бугарија опен е како да се на Европско првенство.

Освојувачи на медали се:

Божидар Димитриевиќ

-1 место –спаринг борби деца 12-13 години  +65 кг

-2 место -спаринг екипно

Еленa Јанеска

-3 место –спаринг борби девојчиња  10-11 години  -55 кг

-1 место злато -спаринг екипно

Христијан Митрески

-2 место –спаринг борби јуниори  14-15 години  -70 кг

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО