Роуз Намахунас и Аманда Рибас ќе го предводат УФЦ Фајт најт 240

Поранешниот шампион на УФЦ, Роуз Намахунас се враќа во кафезот.

31-годишната Американка се соочува со Бразилката Аманда Рибас. Двете ќе се натпреваруваат во мува категорија. Нивната средба е насловна на настанот УФЦ Фајт најт 240 на 23 март. Локацијата е УФЦ Институтот во Лас Вегас.

Намахунас има 11-6 во ММА и е во серија од 2 порази. Во нејзината последна борба минатиот септември загуби од Манон Фиоро. Таа претходно ја загуби титулата во сламена категорија од Карла Еспарза. Роуз завршува 7 од нејзините натпревари и има 2 порази пред официјалниот крај. Таа загуби 3 од нејзините последни 6 борби во УФЦ.

Рибас има скор 13-4 во ММА. Минатата година оствари 3 борби забележувајќи 2 победи и 1 пораз. Во нејзината последна борба во неомври славеше со нокаут над Луана Пинеиро. Аманда завршува 8 од средбите, а паѓа со завршница 3 пати. Таа исто така загуби 3 од последни 6 борби за УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО