Општина Бутел додели 110 спортски стипендии на најуспешните спортисти

Вчера Општина Бутел додели 110 спортски стипендии на најуспешните спортисти од Општината.

„Низ една максимално транспаретна процедура со објавен јавен повик врз база на правилник, денес заедно со олимписките величини Шабан Трстена, д-р Борче Костовски, Борко Ристовски и Баже Илиоски доделивме 110 спортски стипендии“, вели градоначалникот Дарко Костовски и додава:

„Искрено се надеваме дека некои од денешните стипендисти ќе ги повторат успесите на Шабан и Дејан“.

Да потсетиме, Трстена е олимписки шампион и вицешампион, односно освојувач на 19 медали од врвните спортски манифестации; Дејан Георгиевски и носител на сребрениот медал од Олимписките игри 2020 (21) во Токио и пред исполнување нанормата за ОИ во Париз; Борче Костовски е неговиот тренер и селектор на македонската таеквондо репрезентација која годиниве постигнува врвни резултати; „министерот за одбрана“ Борко Ристовски ќе постигна најголемите успеси во македонскиот ракомет и Баже Илиоски кој доминираше на фудбалските терени.

Добитниците на спортски стипендии беа поделени во пет категории.

„Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека, пак, врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.

Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортки успеси, за многу скоро ќе биде и во спортска инфраструктура. Јас, како градоначалник, и Општина Бутел ќе бидеме цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од нашата општина“, нагласи Костовски!

Фото: Дарко Костовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО