Тренерот на поранешниот светски шампион во бокс, Мани Пакијао, Фреди Роуч, верува дека неговиот пулен може со нокаут да ја добие следната средба со Тимоти Бредли.
„Мани ми рече дека ќе се обиде да го нокаутира Бредли, а ова е прв пат тој да сподели со мене такво мислење по многу години. Уживам кога зборува така. Тоа е она што го сакам од него во оваа борба“.
Тие ќе се сретнат на 9 април во Лас Вегас.