Флојд Мејведер: Боксот не ми недостасува

Flojd so nekogo

Боксерски легенда Флојд Мејведер не чувствува жед да се врати во спортот. Најдобро платениот спортист за 2015 година се откажа минатата година. Тој последниот меч го имаше во септември, по што најави дека ќе ги зкачи ракавиците на клин по 49 победи од 49 натпревари. 38-годишниот боксер додаде дека сега многу повеќе време одвојува за своите четири деца.

„Убаво е да бидам меѓу навивачите, да потпишувам автограми и да стискам раце. Салата не ми недостасува. Среќен сум што веќе не тренирам. Убаво е да одморам дома со моите деца. Пропуштија доста драгоцено време, кое требаше да го посветам на семејството. Но никогаш не е доцна да се надаполни, бидејќи ги сакам“, изјави Мејведер кој се наоѓа на патување во Велика Британија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО