Ронда се омажи за Тревис Браун (ФОТО)

Ако веќе не им оди во професионалните води, тогаш затоа ружи им цветаат во приватниот живот. Поранешниот шампион на УФЦ, Ронда Русеј, и поранешната топ тешкаш на УФЦ, Тревис Браун, стапија во брак минатиот викенд на имотот на Браун во Хаваите.

УФЦ-овецот на социјалните мрежи сподели неколку црно – беликои фотографии кои ја доловуваат атмосферата на свадбата.

Русеј и Браун се во врска од 2015 година, а нивната веридба јавно ја објавија во април оваа година. Вистинскиот датум на венчавка беше откриен пред неколку дена кога претседателот на УФЦ, Дана Вајт, рече дека поради мега натпреварот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор не може да биде присутен.

Кога се во прашање нивните професионални кариери, Ронда речиси сигурно заврши со неа по последниот сериозен пораз од Аманда Нунеш. Во текот на изминатите неколку недели се шпекулираше дека олимписката џудистка може да се врати во кечерскиот ВВЕ ринг, но засега нема потврда дека навистина нејзината кариера ќе оди во друга насока.

Браун има четири порази во серија, односно пет во последните шест настапи и вистинско чудо е што не добил отказ од елитната промоција.

https://www.instagram.com/p/BYY5auOhdeV/

https://www.instagram.com/p/BYW6fcKhi-P/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО