Ронда Русеј призна дека е во врска со Браун

Ronda-btaun vo vrska

Вчера Тревис Браун потврди дека се среќава со шампионката во бантам категорија,Ронда Русеј.

Имаше гласини дека двајцата подолго време се заедно, но тој прв ја обелодени врската. Сега веќе имаме Ронда официјална ја потврди оваа работа.

„Не зборувам многу за нашиот личен живот. Затоа тој се вели „личен живот“. Точно е дека јас и Тревис сме во врска. Многу се радувам на времето кое го поминуваме заедно и се запознаваме. Тоа е сè што ќе кажам за ова“.

Сепак, многу луѓе не може да ја разберат, бидејќи таа го критикува Флојд Мејведер за насилство врз жена, а не го коментира обвинетнието против Браун за истата работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО