Ронда Русеј повторно распука по Мејведер

ronda i mejveder

Вербалната војна меѓу најпопуларната ММА натпреварувачка Ронда Русеј и мегаѕвездата на професионалниот бокс, Флојд Мејведер, продолжува. Од почетокот на годината двајцата не престануваат да влегуваат во вонредни престрелки. Се започна по изјавата на Американецот. Најдобро платениот спортист на планетата на прашање одговори: „Не знам кој е тоа“, за ММА натпреварувачката. Малку подоцна Русеј кога ја доби наградата на ESPY во категоријата за најдобар борец во текот на годината.

„Се прашувам како Флојд би се почувствувал да биде поразен, барем, еднаш од жена“, рече Американката.

Во последното интервју за списанието „Космополитен“ шампионката на УФЦ кажа што ќе прави ако се види лице во лице со боксерот.

„Ќе му се претставам со зборовите: Здраво, јас сум Ронда! Ќе го правам тоа секој пат кога ќе го видам. Ќе ја стиснам неговата рака, бидејќи тој е неверојатен боксер. Мислам дека е еден од најдобрите на сите времиња. Но, ако треба, ќе се претставувам онолку пати колку што треба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО