генадиј Головкин: Се чувствувам како да имам 20 години!

Golovkin udira so

Големата ѕвезда на професионалниот бокс Генадиј Головкин (Казахстан) пред новинарите изјави дека се чувствува како 20-годишно момче. Тој има феноменална серија во последните 20 мечеви, кои сите завршија пред финалниот удар на гонгот. Непоразениот Казахстанец ќе боксира против Давид Ломију на 17 октомври во Медисон сквер гарден. Натпреварот е за светската титула во средна категорија.

„Се чувствувам одлично, како 20-годишен – рече поранешната ѕвезда на олимпискиот бокс, кој веќе има 33 години.

Видете го Бернард Хопкинс. Тој има 50 години, а изгледа како да е 30. Тој е многу умен човек“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО