Ронда Роузи го поддржа Мек Грегор

Поранешната шампионка на УФЦ, Ронда Роузи, му се восхитува на начинот на кој реагираше Конор Мек Грегор по уште еден пораз против Дастин Пориер.

„Изненаден сум, веднаш штом паднавте почнавте да ја промовирате следната битка – сигурно не би помислила да го сторам тоа“, напиша Роузи на Твитер.

„Останатите борци, УФЦ и медиумите имаат среќа што ве имаат“, додаде таа.

„Благодарам за пораката, Ронда! Јас навистина го ценам тоа!“, одговори Мек Грегор.

После третата борба со Дастин Пориер која заврши со скршеница на ногата за Ирецот и втор последователен пораз, Конор Мек Грегор изјави дека не е завршен неговиот судир со Американецот, нарекувајќи ја сопругата лесна жена и ветувајќи дека ќе ја убие со нејзиниот сопруг во сон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО