Рокхолд ги покажа скршените заби по мечот со Пери: Го тргнав „боксот со голи раце“ од мојата листа (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ и Страјкфорс се осврна за поразот на настанот БКФЦ 41.

На потешкиот начин Лук Рокхолд се соочи со суровоста на боксот со голи раце или боксот без ракавици. Поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ и Страјкфорс минатата недела дебитираше во бокс без ракавици, а противник му беше Мајк Пери, поранешен борец на УФЦ.

Иако Рокхолд беше видно физички поголем и многумина го сметаат за подобар борец од Мајк Пери, Пери беше тој што ја крена раката на крајот од мечот. „Платинумот“ изгледа е создаден за бокс без ракавици,  одлично се снаоѓа во тој спорт и го победи Рокхолд со прекин во втората рунда од борбата.

Лук повеќе не можеше да ја продолжи борбата, а една од главните причини поради кои се откажа беше оштетувањето на забите што му го направи Пери. Пери му скрши неколку заби на Рокхолд, а Лук набрзо се огласи на Инстаграм за да го покаже изгледот на неговото лице по тешкиот меч против Пери.

„Што да кажам? Можам да го трегнам „боксот со голи раце“ од мојата листа. Тоа е луд спорт. Тие мали раце ме фатија, токму во предните два заба. Можеби ми требаше брада, можеби подобар штитник за уста. Беше добра борба и штета е што така заврши. Мајки (Мајк Пери), тешко копиле. Честитки и благодарност до моите спонзори и луѓе. Сепак, не сум готов, но добро би ми дошле некои ракавици”, изјави Рокхолд во својата објава на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Rockhold (@lukerockhold)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО