Претседателот на БКФЦ возбуден од појавата на Мек Грегор (ВИДЕО)

Дејвид Фелдман беше возбуден од појавувањето на Конор Мек Грегор на галата во Денвер за време на викендот, кога Ирецот не само што беше меѓу ВИП гостите, туку и зачекори во рингот за соочување со Мајк Пери.

„Феноменално беше што Конор Мек Грегор беше тука. Најозборуваниот спортист во боречките спортови скокна во рингот и предизвика еден наш борец. Што и да се случи или да не се случи, не е важно. Факт е дека ова е голем момент и сите во боречките спортови зборуваат за тоа. Тоа беше одлична работа за нас. Дефинитивно беше огромен момент“, рече Фелдман за време на прес-конференцијата по борбата, пренесе ММА Џанки.

„Ноториус“, пак, од сцената изјави дека му се допаѓа тоа што го гледа во БКФЦ и не ја исклучи можноста да се испроба и во овој синџир. Ова би бил пресуден момент за целата организација, бидејќи Ирецот навистина е најголемата ѕвезда во ММА речиси 20 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО