Плазибат му порача на клупскиот колега Осаро: Само еден останува на нозе (ВИДЕО)

Најдобриот хрватски кикбоксер Антонио Плазибат го дозна името на борецот кој ќе се соочи со него на 17 јуни во Ротердам во борбата за титулата привремен шампион на Глори во тешка категорија.

Противник на Хрватот ќе биде неговиот клупски колега од Мајкс џим, нигерискиот борец Тарик ‘Куки’ Осаро.

Импресивниот Нигериец (198 см., 112 килограми) се избори за таа можност освојувајќи го турнирот на четирите тешкаши, најпрвин го победи Енвер Шљивар од Босна и Херцеговина, а во финалето Турчинот Мурат Ајгун.

Во финалето Осаро ја заврши работата во третата рунда кога го принуди судијата во рингот да му брои на противникот по четврти пат (четири нокдауни во една борба значат крај на борбата).

„Тоа ќе биде најтешката борба во мојата кариера. Антонио, те сакам, но, брате, мора да им пружиме на навивачите многу добра борба“, изјави Тарик Осаро за својот следен противник, кого многу добро го познава.

Тогаш Плазибат влезе во рингот и му честиташе на Осаро, а потоа му рече:

„Од сега до крајот на борбата ние сме непријатели. Ќе те блокирам на Фејсбук, на Инстаграм, секаде. Ќе го направиме тоа во едана рунда и само еден ќе остане на нозе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GLORY Kickboxing (@glorykickboxing)

Ќе биде многу интересно како нивниот заеднички тренер Мајк Пасение (54) ќе ги организира тренинзите.

„Ќе биде многу добра борба. Нашата работа е да ги забавуваме луѓето“, изјави популарниот Биг Мајк.

Победникот од мечот меѓу Плазибат и Осаро ќе стане привремен шампион на Глори и ќе добие шанса да се пресмета со долгогодишниот актуелен шампион Рико Верховен кој се опоравува од повредата.

А таа јунска вечер, 29-годишниот Плазибат може да ја има „предноста на домашен терен“.

Имено, во исто време во Ротердам ќе се игра и финалето на Лигата на нации, па Антонио би можел да има поддршка од голем број навивачи на хрватската фудбалска репрезентација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GLORY Kickboxing (@glorykickboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО