Рој Џонс ги отфрла информациите за повлекување од боксот

Roj Dzons se mrsti

Вчера соопштивме дека поранешниот боксерски шампион во четири категории се повлекува од боксот. Барем, така рече менаџерот на боксерот, Димитриј Лучников.

Сепак, Рој Џонс ја негира оваа информација, барем засега.

„Единствен кој може да зборува за иднината на мојата боксерска кариера, сум јас. Сите овие тврдења не се направени од мене и не одговараат на вистината. И покрај тоа што има можност да ја завршам кариерата, се уште не сум донел конечна одлука“.

Последната борба на Џонс беше на 12 декември во Москва, при што загуби со нокаут во четвртата рунда од Енцо Макаринели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО