Мек Грегор е подготвен да се бори и за трета титула во полусредна категорија во јули

mek gregor i nekoj kelavko-robi louler

Актуелниот шампион во перо категорија на УФЦ, Конор Мек Грегор, ќе се обиде истовремено да освои две титули за време на мечот против Рафел дош Ањош на УФЦ 196 на 5 март во Лас Вегас.

Ако успее да забележи победа над РДА, Конор има скандалозен план да оди и во полусредна категорија и да ја нападне третата титула – онаа на Роби Лоулер.

Засега нема ништо официјално, но тренерот на Ирецот, Џон Каванаг вели дека тоа е сосема можно и целосно го поддржува својот пулен.

„Ако тој навистина сака да го направи тоа, целосно ќе го поддржам. Но, во моментов сме фокусирани на битката во лесна категорија. Потоа ќе зборуваме што ќе се случи со титулата во перо категорија.

Како се приближува времето се потешко може кажеме што ќе се случува. Конор има неверојатно тело, при што може да влезе во перо категоријата, но во исто време може да биде и крупен за лесна категорија. Ако му се даде некое време, и ако правилно ги направи подготовките, тој може да победи во полусредна категорија. Ќе биде интересно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО