Роган за тешкашкиот „ГОАТ“: Сите го забораваат, но тој ги заврши Федор, Веласкез и „Минотаур“!

58-годишниот познат американски поткастер и коментатор на УФЦ, Џо Роган, откри кои, според него, се најголемите борци во историјата на MMA во тешката категорија. Роган признава дека е тешко да се избере јасен лидер, бидејќи има многу кандидати. Сепак, Роган издвои четворица: Каин Веласкез, Стипе Миочиќ, Федор Емелијаненко и Фабрицио Вердум.
Само Емелијаненко не се бореше во УФЦ од четворицата што ги спомена Роган. Сепак, Федор доминираше во тешката категорија 10 години и продолжи со серија од 27 последователни победи. Серијата заврши во летото 2010 година, кога Вердум го запре со триаголник на 69 секунди. Еве што Џо имаше да каже за великаните во тешка категорија:
„Не мислам дека има некој во тешката категорија кој може да се нарече најголем. Го сакам Каин Веласкез. Тој е еден од најдобрите во тешката категорија. Веласкез е оној кој може да се нарече најголем. Каин во својот најдобар период беше незапирлив, виор од удари и соборувања. Никогаш не се заморуваше. Не можете да го заборавите Стипе бидејќи ја бранеше титулата во тешка категорија повеќе пати од кој било друг. Миочиќ го победи Френсис Нгану во најдобариот период, нокаутираше неколку пати, но сепак се враќаше.
Тој мора да си го добие заслуженото. Секогаш ќе биде меѓу најголемите. Секако, Федор е меѓу најголемите во тешката категорија. Вистинските познавачи, вистинските фанови на ММА велат: „Федор е најголем.““ „И секогаш велам дека сите забораваат на Фабрицио Вердум. Овој човек ги заврши Каин Веласкез, „Минотаурот“ Ногеира и Федор. Кога ќе го погледнете Фабрицио Вердум во цутот на силите, сфаќаш дека бил во најдобрата форма. Човече, Вердум го победи најдобрите од најдобрите. Совлада тројца од најголемите борци на сите времиња“, рече Роган.
View this post on Instagram



