Роган: Кро Кап ставил 2 милиона долари во куфер и одлетал за Хрватска? Каков гангстер! (ВИДЕО)

Dzo Rogan skrin

Во овонеделниот подкаст на Џо Роган, славниот ММА коментатор седна со Мауро Ранал и Бас Рутен, главните коментатори од времето на Прајд. Во долгиот разговор поминаа низ многу теми, а една од нив беше и заработката на борците во Прајд и во тој контекст го спомнаа Кро Кап.

Роган го праша Бас Рутен дали некогаш видел како борците добиваат полни торби со пари. Ранал се приклучи и кажа: „Кажи ми првиот пат кога одеше во банка“.

„Бевме во банка, а таму добивме потполно нови, свежи банкноти, совршено спакувани, изгледаа како пари од Монопол“, рече Рутен.

„Морав да ги стуткам кога се враќав во Канада, затоа што чудно би ме гледале поради свежите банкноти“, се приклучи Ранал, a Рутен продолжи:

„Имавме една соба во која доаѓаа борците. На борците им беше кажано да дојдат наутро по парите. Дури и Кро Кап отиде таму, кој тогаш заработи два милиона долари…“

Роган избезумено го погледна Рутен и го праша:Готовина?! Даваа 2 милиони во готовина“?

„Очигледно, на сите им даваа готовина, па веројатно и него“, рече Бас и додаде дека пари им давале и на членовите на семејството на борецот.

„Смееја да земат само по 10.000 долари, па ќе тргнеа една банкнота за да биде помалку од 10.000. Но беше убаво, кул, се чувствував како криминалец без да сум криминалец“.

Роган и понатаму размислуваше за Мирко и неговата плата.

„Ако Мирко навистина добил 2 милиона во готово од тешкашкиот Гран при, ги ставил во куфер и одлетал спрема Хрватска, тоа е најгангстерката работа која некогаш ја имам слушнато! Тоа е како сцена од филм“, констатираше Роган.

Разговорот за заработката на Кро Кап почнува по 1:20:00 на видеото…

https://youtu.be/rlaNNbBXzAM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО