Роган: Хабиб е најголемиот во историјата на ММА

Легендата Џо Роган смета дека Хабиб Нурмагомедов заслужува да биде признат како најголем во ММА. Ова е многу интересна тема и секој има свои фаворити.

Тешко е да се каже кој е најголем, бидејќи секој борец има свои успеси и врвови во историјата. Хабиб никогаш не бил позитивен на тестирање за забранети супстанции и зад себе има 50 чисти примероци.

32-годишниот борец од Дагестан се повлече од ММА со скор од 29-0. Трипати ја одбрани титулата со завршница против Конор Мек Грегор, Дастин Пориер и Џастин Гејџи. Нурмагомедов загуби само една рунда во кариерата, што беше доста импресивно.

За темата за најголемите во историјата, Роган го истакна своето мислење. Тој тврди дека можеме да го прифатиме Хабиб како најголем.

„Хабиб Нурмагомедов е многу, многу добар кандидат. Мое мислење е дека Хабиб е најдобриот кандидат за најголемиот во историјата. Хабиб не загуби битка и речиси и да не загуби рунда.

Тој загуби едно рунда од Конор Мек Грегор, но потоа веројатно ја задржа енергијата за потоа да го заврши. На крајот, Хабиб го заврши.

Хабиб никогаш не заглави во своја борбаа. Мајкл Џonонсон успеа да го удри и е борец кој не добива доволно почит.

Да, Џонсон имаше тешки загуби, но го нокаутира Дастин Пориер со еден удар. Мајкл беше многу опасен и се уште е. Џонсон успеа да го разниша.

Хабиб успеа да го победи и да го уништи. Прифатливо е да се каже дека Хабиб е најголемиот на сите времиња“, образложи Роган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО