Максим Новоселов пак се бореше со голема мечка

Легендата на руските боречки спортови Максим Новоселов има многу чудно хоби. 48-годишниот европски шампион во самбо сака да се бори со огромни мечки. Поранешниот затвореник не се плаши од овие големи ѕверови што можат да ве убијат во еден момент.

Максим е поранешен затвореник со тежина над 110 килограми и висок 1,83 сантиметри. Има смртоносни вештини и големо искуство во боречки вештини. Има скор 11-2-1 во ММА и е во серија од 10 последователни победи.

Новоселов нема загубено во ММА веќе 13 години и на крајот на февруари оваа година нокутира џин тежок 190 килограми. Во 1993 година, Максим беше осуден на 14 години затвор под обвинение за убиство.

Додека бил во затвор, учествувал во подземни битки. Во 2012 година, спортистот доби уште три ипол години затвор за учество во бизнис со дрога. На крајот, тој беше ослободен и ја продолжи кариерата.

 

 


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО