Роби Лоулер по УФЦ 290 во јули ќе се пензионира

Американскиот ММА борец Роби Лоулер ќе ја има последната борба во кариерата на 8 јули. Поранешниот шампион на УФЦ во полусредна категорија за последен пат влегува во октагонот, а противник ќе му биде сонародникот Нико Прајс.

И двајцата се многу атрактивни борци кои бараат отворена размена на удари, па навивачите со нетрпение го очекуваат нивниот судир на настанот UFC 290.

Претседателот на најголемата светска ММА промоција, Дана Вајт, најави дека тоа ќе биде последна борба во неговата кариера за 41-годишниот Роби.

Лоулер помина дел од својата кариера на тронот како шампион во полусредна категорија. На крајот на 2014 година Американецот ја освои титулата во УФЦ победувајќи го Џони Хендрикс, кој двапати го бранеше.

И двата меча во кои го одбрани појасот најдоа свое место во историјата на УФЦ, особено првата одбрана на титулата и победата против Рори Мекдоналд.

Тој меч од 2015 година ќе биде примен во Куќата на славните, а церемонијата ќе се одржи два дена пред прошталниот меч на Лоулер против Прајс.

Роби Лоулер во кариерата имаше 24 меча, а победи на 14 и имаше десет порази.

Во неговиот последен меч минатата година во јули загуби со прекин од Брајан Барберена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО