Хрватот Роберто Солдиќ го дозна датумот на неговото деби во ОНЕ шампионат. Најдобриот хрватски ММА борец ќе го има првиот меч во брзорастечката азиска промоција за боречки вештини на 3 декември на настанот ОНЕ 164 во Сингапур.
Оваа информација Роберто ја сподели со своите фанови преку Инстаграм стори, но противник се уште нема, но има неколку кандидати.
Хрватскиот борец се осврна и на можниот настан на ОНЕ во Хрватска, за кој претседателот на промоцијата Чатри Ситиодтонг беше доста заинтересиран за време на неговата неодамнешна посета на Загреб.
Роберто истакна дека тоа на некој начин му е домашна задача. Иако засега нема конкретни информации, Солдиќ истакна дека тоа би можело да се случи веќе следната година.
А за Васо Бакочевиќ напиша:
„Васо ја има мадиња до подот, не бира ниту место, ниту време, ниту категорија. Кога е во медиумите ги руши сите рекорди на гледаност. Тој само знае да приреди шоу. Фраерот живее луд живот“.