Невидено до сега „Купот на Македонија“: Натпреварувачите 13 часа во сала, небаждирана вага

Клубови иницијатори за свикување на вонредно Собрание на Карате федерацијата на Македонија за гласање доверба на претседателот изразуваат револт за одржувањето на изборниот Куп на Македонија за кадети, јуниори и У-21 што се одржа во  Охрид овој викенд.

Во дописот пратен до нашата редакција се вели:

„Како што веќе најавивме Изборното првенство на Македонија т.н. Куп на Македонија ја загуби својата регуларност уште пред да почне. Првенството почна со големо задоцнување од час и половина поради технички проблеми на системот, така на татамите каде што се одржуваа катите наместо во 10 часот започна во 11:30 часот. Мерењето на кандидатите за борби беше исто така контрадикторно, беа елиминирани натпреварувачи за сто грама. Мерењето се вршеше на небаждаарени ваги кои уште при набавката кажуваат дека можна грешка на мерењето е 100 грама.

Натпреварот траеше долго и место да се забрза се зголемуваше доцнењето.Наместо да заврши во 21 часот, натпреварот заврши во 23:15 часот. Ова е ап-солутен рекорд во историјата на македонското карате.

Како можат натпреварувачите да издржат повеќе од 13 часа во сала. Како да ја држат својата концентрација. Како можат судиите да судат без прекин повеќе од 13 часа. Како тие можат да ја држат својата концентрација. Нормално е да се направат многу несакани и ненамерни грешки. Дали е тоа регуларно првенство. Ако се знае дека тренерите на клубовите се и возачи на своите возила со кои ги превезуваат своите натпреварувачи тие беа изложени на дополнителна опасност да заспијат на воланот. Сите се вратија од два до 3 часот наутро. За среќа се помина без непријатности и сите се вратија здрави и живи во своите домови.

Ова не потсетува на култниот филм со познатата американска актерка Џејн Фонда “И коњите ги убиваат зар не” каде беше организиран натпревар во танцување. Наградата ја добива двојката која најдолго ќе издржи да танцува. Сето тоа помина во нехумано исцрпувачко натпреварување. Натпреварувачките двојки паѓаа од исцрпеност и беа изнесувани на носилки.

Така и нашето натпреварување заличи на таа претстава. Нехумано, исцрпувачко натпреварување. На овој начин каратето пропаѓа и губи. Актуелното раководство на чело со неспособниот претседател мува не го лази. Господа, па зар уште имате лице да опстоите. Зошто не си замините достоинствено.

Се обраќаме до тие кои се уште се во дилема и сеуште го подржуваат актуелното раководство. Нели гледате дека тоа е нечовечка борба за власт. Придружете ни се да го спасиме каратето. Да го поставиме во нормален колосек“.

Еве дел од изјавите на нашите најдобри тренери:

Бошко Заборски:

Ова првенство ќе остане забележенокако единствено до сега по маратонската временска рамка на одржување на натпреварот. Имено ние во сала бевме во 8:00 часот наутро а завршивме во 23:15 часот. Многу спортисти го даваа својот максимум на енергија, мотивираност, психичка стабилност за да го совладаат уморот пред своите настапи во тежинските категории. Ова беше изборно критериумски натпревар и никако не смееше да биде вака лошо испланиран и организиран. Нормално е судиите несакајќи од умор да прават грешки, грешеа и спортистите и тренерите, едноставно сите бевме во исчекување и многу нервозни. Ова е уште еден голем минус на моменталните раководни структури. Од ова треба да се изземе клубот организатор кој нависстина се потруди се да направи на највисоко ниво како домаќин. Лошата проценка за бројот на борилишта и судии, сакајќи да се помине поефтино, направи да се чуствуваме многу изморено и да бидеме принудени да ги вадиме последните атоми на сила, за да постигнеме добар резултат“.

Сашко Арсовски:

„Ова е прво и последно натпреварување кое трае толку долго. По смена на актуелното раководство ние ќе ги направиме натпревариите да траат

пократко за да можат натпреварувачите да ја сочуваат својата концентарација и да го дадат својот максимум на татамито“.

Елвир Куртановиќ:

„Како што можете и сами да видите и заклучите во нашата федерација е се поголем хаос , тоа се покажа на овој многу битен натпревар за сите клубови . Толку заложба жртвување и ангажман за да некој Комесар на натпревар те елиминира за 100 грама , се прашувам и имам право да верувам дали вака било за сите учесници , од раскажувањата на очевидци сигурно не и тоа за една дневница . Живи и здрави се сите накрајот со оглед што се можеше да биде имајки го во предвид времетраењето на натпреварот , патишта во изградба до Охрид , тренери цел ден во сала а во исто време возачи на деца . Бргу ке се смени се верувам и ви посакувам но подобро од овие кој што  сега ја водат федерацијата не очекувајте“.

Ирфан Алиу:

 Jас досега немам доживеано натпревар да трае толку долго. Ова е рекорд во сите спортови. Ова го уништува каратето. Претседателот на Федерацијата Петар Белистојановски и селекторот Александар Кузмановски вршеа притисок на судиите и тоа допринесе мојот натпреварувач Реџеп Рушити да изгуби незаслужено од неговиот син, а со тоа и светското првенство“.

(Овој допис го изразува личното мислење на автороите и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Ипон.мк.)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО