Ризин подготвува турнир во отворена категорија

Vonderlej silva

Rizin Fighting Federation го направи својот трет настан за годинава пред еден месец во Јапонија, а веќе планираат турнир со отворена категорија во блиска иднина. Датумите местото и гладијаторите допрва ќе бидат објавени, но Вондерлеј Силва изрази желба да учествува.

„The Axe Murderer“, кој има забрана да се натпреварува до пролетта 2017 година, за време на неодамнешната прес-конференција во Јапонија, изјваи дека сака да се вклучи во овие борби.

„За мене е чест да го претставувам Ризин и ја поддржувам идејата. Секој кој смета дека може да ме победи, да дојде и да се испроба во отворената категорија. Имаме најагресивни правила на светот и според нив секој со секого може да се сретне“.

„Бидете подготвени, Вондерлеј Силва е тука. Секого ќе го смачкам на овој турнир – без разлика на големината и тежината“.

Силва кој неодамна потпиша со Белатор, очекува Ризин да стане најпопуларната организација во светот на мешаните боречки вештини во блиска иднина.

„Наскоро ќе станеме највлијателната организација. Ги имаме најдобрите гладијатори, најдобрите промотори и наскоро ќе бидеме најголемите во индустријата“.

 Тоа мислење го дели 39-годишниот ветеран, кој не се има борено по ММА правилата од 2013 година, кога учествуваше во бруталната средба и која заврши со победа со нокаут над Бејн Стан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО