Ристо Димитров во многу работи е прв, освојува медали, а не се дрзнуваат да го номинираат за спортист на годината во Битола

Risto curino muskul

Ристо Димитров-Чурино кој настапува во повеќе боречки спортови, како ММА, самбо, кураш, џиу џицу, па од недомана и во борење, не може да се изначуди како го нема во номинациите за спортист на Битола.

balac risto

„За прв пат во историјата на македонското самбо бев учесник на Светското пренство во комбат самбо во Казабланка-Мароко. За прв пат и донесов медал на самбо репрезентацијата вокомбат самбо на турнир во Хрватска, односно првите медали за овој спорт. Медали од Европското првенство во кураш во Грција. Меѓу првите ММА борци сум. И за се сум прв од Битола. Еден од најуспешните. Историја“, вели Димитров по изборот на спортист на годината во Битола.

Risto edo i drugite na EP vo grcija

Според него, еден ден кога ќе станат многу популарни спортови, дури тогаш ќе спомнуваат кој прв почнал.

„Ние продолжуваме со тренинзи, бидејќи не очекуваат многу натпревари оваа година. Замислете што се немам постигнато до сега. Еднаш не се дрзнаа барем да ме номинираат за спортист на Битола“, тврди Димитров.

Risto Dimitrov i Mnauel Bilic na merenje

Во Сојузот на спортови на Битола велат дека тие работат според критериуми на јавен конкурс, при што клубовите ги пријавуваат кандидатите за спортист на годината, а потоа одлчува компетентна комисија. Од ССБ истакнуваат дека немало пријави за Димитров, ниту па за некого од неговиот клуб.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО