Ристо Димитров: Голема чест е да бидам во аголот на еден од најдобрите мај тај борци во светот!

Risto curino muskul

Македонскиот борец во повеќе боречки спортови, Ристо Димитров – Чурино, во сабота ќе му биде секундант на еден од најголемите македонски мај тај борци Глигор Стојанов на Елит фајт најт (ЕФН) 7 во Софија.

Gligor Stojanov plakat sam za EFN 7

Со победата на овој турнир се обезбедува место на Кралскикот куп во Банког, Тајлнад.

„Голема чест! Голем турнир со еден од најдобрите мај тај борци во светот. Заедно ќе ја претставуваме Македонија, и во рингот и во аголот. Се надевам дека Глигор ќе победи“, вели Ристо Димитров.

Глигор и Ристо ги повикуваат сите македонци љубители на боречките спортови да дојдат во што поголем број во Софија и да го бодрат, но и тие што се таму.

Всушност, ова е најблискотото место до Македонија каде што се борел Глигор Стојанов.

На овој спектакуларен настан ќе има борци од целиот свет. ЕФН 7 вклучува турнир на четворица борци во мај тај, а победникот ќе учествува во најпрестижниот турнир The Kings Cup во Бангкок, Тајланд.

ELITE FIGHT NIGHT 7 – МАЈ ТАЈ:

Турнир за учесник на Купот на кралот:

Глигор Стојанов – Швајцарија/ Македонија

Марсин Лепковски – Полска

Владимир Конски – Словачка

Сејфулах Хамбаходов – Чеченија

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО