Ристо Димитров: ЕП е одлична можност за промоција на македонската ММА сцена!

Curino pobednik vo FFC

На 3 декември во Битола ќе се одржи Европското аматерско првенство во ММА и но ги граплинг кое е во организација на International Submission Fighting Association со седиште во Флорида, САД, а техничката организација на „ИГОР ММА“ од Битола.

Првиот човек на Игор ММА од Битола, Ристо Димитров, вели дека Македонија е најнова членка на ИСФА и за да се помогне на овој спорт во нашата земје почнале разговорите за организацијата на ЕП.

plakat-za-ep-vo-mma-vo-bitola

„Ние сме најнова членка на ИСФА, како ИСФА Македонија. За промоција на организацијата и како најмлада членка падна одлуката да го направиме Европското првенство во Битола. Претходно имавме разговори со гратските власти и кога се беше договорено објавивме дека Битола ќе биде домаќин на ЕП“, изјави за Ipon.mk Ристо Димитров-Чурино.

Тој вели дека голем дел од работите веќе се организирани и дека остануваат уште некои финеси.

ИСАФ не од рангот на УФЦ, Белатор, но е присутна во светот.

„Оваа организација ја има низ цел свет и организира аматерски и професионални турнири, од вале тудо, ММА, грапплинг и сабмишн врестлинг, па до шутфитинг. Соработуваат со големи организации како ФФЦ, ОНЕ ФЦ и други светски видечки организации. Имаат и менаџерски тим и носат борци насекаде низ светот“, вели Димитров и додава: „Одлична можност да се промовира македонската ММА сцена и македонските борци“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО