Џошуа-Кличко: Откриени детали од договорот и пропаста на мечот пред 80 гледачи

dzosua-klicko-hern

Според зборовите на познатиот бокс промотор, Еди Херн, тешкашите Ентони Џошуа и Владимир Кличко ќе се сретнат на 10 декември во Манчестер.

Нагласи дека е постигнат договор, но за службена потврда се уште ќе треба да почекаме. Но, тоа не ги спречува медиумите секој ден доаѓаат до нови информации, па така се дозна дека мечот ќе се одржи во Манчестер арена, а спрема моменталната состојба договорот тежи 30 милиони фунти кои треба да ги поделат боксерите.

Како што стојат работите, во овие моменти како влог е ставена ИБФ титулата на Џошуа, додека другите две се уште се предмет на дискусија.

Интересна е и локацијата на која можеше да го гледаме оваа тешкашка пресметка пред се резервира арената во Манчестер. Желбата на организаторите беше Милениумскиот стадион во Кардиф за кој ќе се пуштеа во продажба 80.000 билети, но од управата на објектот им беше кажано дека тој термин е резервиран.

Херн вели дека нешто подоцна дознал дека стадионот го резервирал Дејвид Хеј, а кога се обидел да дознае повеќе информации и открил дека договорот меѓу раководството на стадионот и Хеј навистина се уште не е потпишан. Одговорните ги нарече идиоти, но изрази жалење што ваков дуел ќе се одржи пред околу четири пати помалку посетители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО