Ристе Грбев: Се надеваме на прва победа во Регионалната бокс лига

Екипата на Пинк Пантер во петото коло на Регионалната боксерска лига во петок ќе се сретне со Славија од Бања Лука во Штип, а тоа е прилика за првата победа.

Каква е состојбата во БК Пинк Пантер пред мечот со Славија и какви се очекувањата, тренерот Ристо Грбев вели:

„Се надеваме на прва победа, но имаме проблеми околу составот. Марко Доциќ е повреден и неизвесно е дали ќе настапи. Другите боксери се во ред, немаат повреди. До утре ќе се договориме кој во која категорија ќе настапи“.

Почетокот на средбата е закажан за 19 часот.

5.коло
Пинк Пантер – Славија
Радник – Сесвете
Спартак – Лозница
Лазаревац/Металац е слободен

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО