Конор Мек Грегор го откажал учеството во новиот филм за „Карлот Артур“

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Конор Мек Грегор, и понатаму е мамка за филмските режисери. Интерес за Ирецот појавија продукции како „Три икс“, „Игри на тронот“ и „Предатор“.

Излегува дека Конор имал понуда за учество и во новиот филм за Кралот Артур, во режија на британскиот режисер Гај Ричи.

Тоа го потврди и самиот тој, откривајќи дека Мек Грегор бил силна инспирација за него во процесот на снимање на филмот.

„Подготвуваме сцени за акција во филмот, гледавме многу кадри од дуелите на Конор Мек Грегор. Баравме нешто слично токму на неговиот стил. Зборуваме за оваа интензивна и молскавично брза техника која беше совршена при моделирањето на Кралот Артур. Дури сакавме да има и улога во филмот, но не доби. Во тоа време тренираше за меч, а немаше како да се расфрла со нешто слично“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО