Ристе Грбев – Пинк Пантер: Шансата против Радник ја гледаме во полесните категории

Македонскиот претставник во Регионалната бокс лига Пинк Пантер во недела гостува на Радник од Бјелина (Босна и Херцеговина), а тоа е шанса за презентација на сопствените квалитети и да се изборат за поволен резултат.

За тоа како беше искористена паузата меѓу двете кола разговаравме со тренерот на Пантерите, Ристе Грбев.

„Работевме напорно и очекуваме добри борби. Се надевам дека како поминува времето ќе стекнуваме поголемо  искуство“.

Работевте ли на отстранување на пропустите во првиот меч?

„Пропусти ќе има на секој меч. Но времето ќе покаже. Со повеќе труд, барем, да се намалат“.

Ќе имали измени во составот?

„Има неколку измени, но ќе видеме како да ги подредиме боксерите по категории“.

Што очекувате на мечот со Радник?

„Пред се добри борби и фер судење од судиите, за да не дојде до разочарување на нашите боксери. Иако во првото коло Радник победи убедливо во Ваљево, сепак, јас се надевам дека ние нема да изневериме. Не очекува тешка задача. Во полесните категории ја гледаме нашата шанса на успех“.

Грбев има само една дилема за категоријата до 81 килограм- дали да настапи Илчо Јоновски или Никола Арсов.

Пинк Пантер треба да настапи во следниот состав: 56 кг- Александар Ристевски, 60- Денис Муаремовски, 64- Мухамед Кадриев, 69- Дејан Ристевски, 75- Гоце Јанески, 81- Илчо Јоновски или Никола Арсов,91- Марко Доцик и + 91- Димитар Ташков.

Ipon.mk ќе го пренесува дербито на колото и на лигата меѓу Лозница и Сесвете.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО