Рисимиќ: Одлична организација во Скопје, цел свет го виде стартот на Регионалната лига

Директорот на Регионалната лига во бокс, Александар Рисмиќ, со пофални зборови за организацијата на првиот меч од оваа лига меѓу Вардар и Лозница кој заврши со посилната екипа на гостите од 3-7.

„Одлична организација. Беше прикажан квалитетен бокс, а преку Арена спорт цел свет го виде стартот на Регионалната лига. Верувам во овој проект и се надевам сите боксери ќе бидат подготвени за Светското боксерско првенство, односно да се вратат со медали. Ова е проет за враќање на сјајот на боксот на просторите на поранешната држава“, изјави Рисмиќ.

Иако сега поради функцијата не е прв човек на Лозница, тој верува во силата на клубот и смета дека ќе се вмеша во борбата за титулата во Регионалната лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО