Средбата Френсис Нгану-Дерик Луис 2 на УФЦ 265

Дана Вајт и компанијата работат напорно на втората борба меѓу Френсис Нгану и Дерик Луис. УФЦ ја планира втората борба за УФЦ 265 на 7 август во Тексас. Залогот е титулата во тешка категорија што ја држи Нгану.

Пред неколку години ја видовме нивната прва борба која е една од најздодевните во историјата на ММА. Тоагш двајцата беа преплашени еден од друи и едвај се удираа. Некако битката дојде до одлука што беше во прилог на Луис.

Нгану има учинок од 16-3 во ММА и е во серија од пет последователни победи со нокаут. Во март го нокаутира Стипе Миочиќ и ја освои титулата. Нгану ги доби сите противници со прекин.

Луис има учинок 25-7-1 во ММА и ќе се обиде по втор пат да ја освои титулата. Дерик е во серија од 4 последователни победи, а во февруари го нокаутира Блејдс. Луис доби 20 со нокаут, а пет од неговите порази се завршница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО